Многу ниските температури кои ја зафатија Русија се причина за смртта на уште две лица за 24 часа, со што бројот на починатите во студениот бран достигна 56 лица за една недела.
– Во последните 24 часа 153 лица страдале од замрзнување, 58 се хоспитализирани, а две лица починале, изјавија болнички извори.
Вкупно од почетокот на студениот бран во болница се примени 351 лице, а 56 го загубиле својот живот.
Од 14 декември температурите опаѓаат под минус 20 степени во Москва и под минус 50 во областите во Сибир. Метеоролошката служба предвидува дека студениот бран ќе трае до почетокот на следната недела.