ЈП „Водовод“: Заостанатиот долг на вода ќе се плаќа на рати

Од:

Јавното претпријатие „Водовод“ соопшти дека по барање на граѓаните е обнована одлуката за ослободување од камата за заостанат долг за вода.

Од претпријатието информираат дека можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење до 1 ноември.

Физичките лица кои имаат заостанат долг од 10 до 30 илјади денари ќе може да го отплатат на четири рати, долг од 30 о 50 илјади на шест рати, од 50 до 70 илјади на осум рати, од 70 до 90 илјади на 10 рати и над 90 илјади на 12 рати.

Компаниите кои имаат долг за вода може да го исплатат на две рати доколку долгот им е од 10 до 50 илјади, на три рати ако долгот е од 50 до 100 илјади, на четири од 100 до 150 илјади, на пет од 150 до 200 илјади и на шест рати над 200 илјади денари.

– Ослободувањето од камата нема да важи за државните институции, локални самоуправи итн, велат од Водовод.

Со одлука на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, социјалните категории на граѓани кои имаат заостанат долг може да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото.

Би можело да ве интересира

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он