Во Музеј на Град Скопје вечер од 20.30 часот во рамки на фестивалот „Скопско лето“ концерт ќе одржи триото „Интерарт“ насловен „Вечер на фантазии“. На програмата се дела од Бах, Доплер и Руптсов.
Триото „Интерарт“ е составено од флејтистите Емилија Ристевска-Стефановска и Александар Стефановски и пијанистката Татјана Божиновски.
Триото, формирано во 1997 година, има снимено три компакт-дискови и голем број настапи на фестивалите во Македонија и концерти во Франција, Германија, Италија, Турција, Грција, Хрватска, Норвешка, САД.