Седници на неколку собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата, за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и за надворешна политика.

На дневен ред на Комисијата за образование и наука се Годишниот извештај за работата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип за 2015/2016 година, Извештајот за работата на ректорот на Државниот универзитет во Тетово за периодот 2015/2016 година и Извештајот на ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид за работата на Универзитетот за периодот 2016 година.

Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање ќе одлучува за Предлог-Деловник за работа.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледува Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2016 година.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Предлог – одлуки за именување и за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање