Нападнато лице кое го обезбедувало „Макошпед“

Од:

Д.Т. (43) од Скопје, вработен во агенција за обезбедување, синоќа, додека бил на работно место во кругот на „Макошпед“, бил повреден од четири непознати лица кои во него удриле со возило.

Според полицијата, Д.Т. најпрво ги забележал четирите лица со патничко моторно возило без регистарски таблички. Му биле сомнителни и, бидејќи биле на место каде не смееле да се задржуваат, им рекол да се оддалечат. Откако се оддалечиле, повторно се вратиле и со возилото го удриле Д.Т. по што избегале. Од ударот и падот тој здобил повреди и со возило на итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ по што е пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски