Без струја утре делови од Центар, Гази Баба и Карпош

Од:

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Гази Баба и Карпош, информираат од РЦУК Скопје.

Во периодот од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од ул. Партение Зографски, дел од ул.Тасино Чешмиче, дел од ул.Тодор Алексадров и дел од ул.Периша Савелиќ во општина Центар.

Без струја од 9:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од ул. Жегљане бр. 26 со околината во општина Гази Баба, а од 9:00 до 13:00 часот и корисниците од дел од ул. Варшавска во општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја