Најмалку 14 загинати при напад врз бегалски камп во Ирак

Од:

Најмалку 14 лица загинаа, а 13 други се ранети синоќа, кога бомбаш самоубиец се разнесе во камп за сместување на внатрешно раселени лица во ирачката провинција Анбар, соопшти локалната полиција.

Според медициснки извори, најголем дел од загинатите и ранетите при нападот се жени и деца.

Полицијата информира и дека меѓу загинатите се и двајца припадници на безбедносните сили на Ирак.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но полицијата претпоставува дека тој е дело на џихадистичката група Исламска држва, која се уште конторлира делови од провинцијата Анбар, што се наоѓа крај границата на Ирак кон Сирија, Јордан и Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак