Репрезентацијата на Германија славеше во финалето од Купот на конфедерациите вечерва во Санкт Петербург против тимот на Чиле со 1-0.
Иако јужноамериканскиот тим стартуваше подобро и создаде неколку добри шанси во почетокот на натпреварот, сепак по една грешка на одбраната на Чиле, Штиндл ја доведе Германија до предност во 20. минута.
По постигнатиот гол на Германија, ситуацијата на теренот изгледаше поизбалансирано.
Чиле и во вториот дел на неколку пати вршеа притисок кон одбраната на Германците, но сепак голот на Тер Штеген остана незатресен.
Ова е прва титула за Германија на Купот на конфедерации, на турнир на кој што допатуваа со значително ослабен состав.