Влада: Министерот Роберт Поповски поднесе анкетен лист на 28. јуни

Од:

Владата на Република Македонија со писмено соопштение реагира на наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека министерот Роберт Поповски се уште нема пополнето анкетен лист.

„Лажна е информацијата изнесена на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со анкетниот лист на министерот Роберт Поповски, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

Во интерес на вистината и отчетноста, ја информираме јавноста дека министерот Поповски достави анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција и до Управата за јавни приходи на 28 јуни 2017 година, а за тоа приложуваме писмен доказ од приемот на документот во архива.

Транспаретноста и отчетноста се едни од основите приоритети на Владата на Република Македонија, навиките на претходната влада се минато коe нема да се повтори“ се вели во реакцијата на Владата.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени