Од почетокот на декември поради ниските температури кои достигнуваат до минус десет степени Целзиусови во Полска починаа 49 лица, соопшти денеска полската полиција.
Повеќето од жртвите се бездомници, наведе полицијата и додаде дека почнала да ги информира лицата без покрив над главата каде можат да се засолнат и да добијат топол оброк.
Во првиот студен бран, кој ја погоди Полска во октомври, настрадаа 15 лица, додека студот во ноември зеде уште пет животи. Минатата зима околу 200 лица починаа поради хипотермија.