Кривична пријава за скопјанец кој што ограбил обложувалница и аптека

Од:

Секторот за внатрешни работи од Скопје поднесе кривична пријава против Н.П. (42) од Скопје за извршени две кривични дела „разбојништво“, при кои се стекнал со имотна корист од околу 44.000 денари.

Осомничениот, првото кривично дело го извршил на 17. јуни во спортска обложувалница на улица Џон Кенеди, каде што со капа на главата и со закана со безбол палка и пиштол од вработените ги побарал парите од прометот. Откако ги зел парите со спреј-солзавец преку шалтерот ги испрскал вработените и го напуштил местото.

Второто дело го извршил на 22. јуни во аптека на улицата Џон Кенеди, каде што облечен со црн дуксер и капа на главата од вработената најпрво побарал лекови, а потоа извадил пиштол и заканувајќи се дека ќе пука ги побарал парите од каста.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче