Британскиот премиер Тереза Меј е подложена на силен притисок од своите министри да ја прекине владината политика на штедење, во време кога најновото социолошко истражување покажува пад на нејзината популарност, јави списанието „Обзервер“, цитиран од британските медиуми.
Според весникот, министерот за здравство Џереми Хант инсистирал владата да го укине лимитот за зголемување на платите во јавниот сектор за медицинските сестри, а министерот за образование, Џастин Грининг, побарала повеќе пари за училиштата.
Рејтингот на Меј сега е негативен (минус 20 процентни поени), наспроти позитивниот рејтинг од 21 поени во април, покажа новото истражување на „Опиниум” за „Обзервер“.