ВМРО-ДПМНЕ: Борбата на СДСМ беше за фотељи, власт и бенефиции, а не против режим и диктатура

Од:

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што ги обвини функционерите од СДСМ дека се збогатиле за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бидејќи СДС беше партијата која тврдеше дека постои наводен режим и диктатура сите овие изминати години јавно ја прашуваме како е можно токму во тој период нејзините сегашни министри да спечалат по неколку стана, хациенди на море, деловни простории и дуќани и да имаат огромни депозити во банка. Или правеле криминал или лажеле и манипулирале дека постои наводен режим и недемократија со цел да се доберат до фотељи.

Еве неколку примери:

Под услови на наводен режим вицепремиерот на владата на СДС Кочо Анѓушев се стекна со капитал од над 28 милиони евра лично богатство?

Како под наводна диктатура Анѓушев заработил 5 стана во Скопје, деловни простории и куќа во Скопје, стан во Белград, куќа на Халкидики?

Кој е рецептот при што во наводна диктатура ќе се стекне вицепремиерот на владата на СДС со автомобилски брендови како Масерати, Порше, уметнички слики, златен накит и Ролекс часовници?

Како премиерот Заев под услови на наводен режим според лично признание заработил 6 до 7 милиони евра богатство.

Како Заеви од просечно земјоделско семејство дојдоа до фирми кои за 10 години направиле обрт од 200 милиони евра?

Како министерката без ресор во владата на СДС Зорица Апостолова стигнала до имот од половина милион евра, 3 куќи и стан?

Како семејството на Шекеринска стасало до 4 стана од кој е познато дека дел си ги рента самата на себе отворајќи притоа скандал со перење на пари?

Министрите милионери на СДСМ, очигледно продаваа магла кога јавноста ја убедуваа дека постои режим и диктатура. Нивната борба беше за фотељи, власт и бенефиции, на сметка на обичниот и работен народ. Нивната борба е борба за зграбување на привилегии и лично богатство“ изјави Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски