Камен-темелник на нова џамија во Кичево

Од:

Поглаварот на Исламската верска заедница хаџи Сулејман ефенфи Реџепи, кичевскиот муфтија Мурат Хусеини и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари поставија камен темелник на нова џамија во населбата Бела кула.

Треба да се истакне дека новата џамија се гради на местото каде што претходно имаше еден импровизиран верски објект за потребите на жителите претежно од ромска заедница кои живеат во оваа населба.

Поглаварот на ИВЗ Реџепи по честитките до верниците по повод изградбата на овај верски објект упати апел за заедништво на сите граѓани кои живеат во Република Македонија.

– За изградба на ваквите објекти треба да допринесуваат сите граѓани без оглед на нивната етничка и верска припадност. Јас и порано и сега сум повикувал кога се гради божја куќа сите да бидеме заедно. Јас прв ќе бидам тој кој ќе присуствува на изградба на божји храм од која било вера. За жал сега за сега такво нешто не е остварено иако се надевам дека тоа може да се случи, рече поглаварот на ИВЗ Реџепи.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка