Репрезентацијата на Германија за фудбалери до 21 година е нов европски шампион, откако вечерва во финалето го совлада тимот на Шпанија со 1-0.
Германците подобро го започнаа натпреварот и имаа контрола врз играта во првиот дел, што кулминираше со голот на Мичел Вајзер во 40. минута.
Во вториот дел, Шпанците имаа неколку обиди за да се вратат во играта, меѓутоа сепак Германците со одлична тимска игра, успеаа да издржат до крајот и да ја освојат титулата.