Бектеши – Хоџа: Поддршка од Владата за домашните компании

Од:

Наоѓање начини за подобра бизнис клима за домашните компании и конкретни мерки за посилна соработка меѓу Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Министерството за економија, биле темите на денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши со делегација на СКСЗМ, предводена од претседателот Неби Хоџа.

– За време на разговорите се нагласи потребата за изнаоѓање начини за полесен пристап на компаниите до државни средства, како форма на поттик за поголеми инвестиции. Министерот Бектеши изрази целосна подготвеност и посветеност за поддршка на бизнис заедницата, ветувајќи и институционална поддршка за нивните иницијативи за подобар економски развој, соопшти Министерството за економија.

Министерот Бектеши ги истакнал мерките и проектите преземени од Министерството за економија и Владата за подобрување на бизнис климата во државава, и навел дека домашните компании ќе имаат владина поддршка. Бил информиран и за активностите на Комората, која дејствува веќе 11 години и за предизвиците и проектите на компаниите членки.

Би можело да ве интересира

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

A1on