Претставници од Град Скопје на состанок за европскиот проект „Креарт“

Од:

Претставници од Град Скопје, Ловрен Маркиќ, раководител на Секторот за меѓународна соработка и Нада Пешева, советник за култура во Секторот за јавни дејности учествувале на работен состанок за европскиот проект „Креарт“ (CreArt), кој се спроведува преку Мрежата на европски градови за уметничко творештво.

Проектот е поддржан од Европската комисија преку програмата „Креативна Европа“, ќе се реализира од 2017 до 2021 година и има вкупен буџет од 3.096.148 евра.

Во рамки на овој проект, како што соопшти Град Скопје, првиот работен состанок се одржал во Валадолид, Шпанија. На состанокот учествувале претставници од сите 12 градови-учесници во проектот, кои дискутирале за административно-финансиските аспекти на проектот. Во „Креарт“ (CreArt) учествуваат 12 градови од 9 земји. Освен Скопје вклучени се Ваљадолид од Шпанија, Џенова од Италија, Ливерпул од Велика Британија, Клермон-Феран и Руан од Франција, Загреб од Хрватска, Каунасод Литванија, Лублин и Катовице од Полска и Авеиро од Португалија.

Проектот „Креарт“ (CreArt), како што информира Град Скопје има повеќе цели, меѓу кои се културна размена и заеднички работни искуства меѓу различните учесници во креативниот и културен сектор, развивање на можностите за обука на културните работници преку програми за престој на уметници, работилници, семинари, конференции, средби…

Повеќе информации за проектот може да се најдат на ww.creart-eu.org

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето