Германија обезбеди финале во Купот на Конфедерации

Од:

Репрезентацијата на Германија обезбеди пласман во финалето на фудбалскиот Купот на Конфедерации, што се одржува во Русија.

Актуелниот светски првак Германија со убедливи 4:1 (полувреме 2:0), го победи Мексико во вториот полуфинален меч на ова натпревраување одиграно во Сочи.

Германците победата ја најавија по само 8 минути игра кога Леон Горецка дури два пати се запиша во листата на стрелци. Во вториот дел Тимо Вернер во 59. минута зголеми на 3:0, додека Марко Фабиан во 89. го постигна единствениот гол за Мексико, а конечните 4:1 за Германија ги постави Амин Јунес во првата минута во судиското дополнение (90+1).

Така Германците за трофејот во Купот на конфедерации, единствен кој го немаат освоено, ќе се борат со Чиле, кој во првиот полуфинален меч по изведувањето на пенали ја победи Португалија.

Големото финале меѓу Германија и Чиле ќе се одигра в недела во 20 часот, а дуелот за 3. место Потугалија – Мексико на програмата е во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Германија го освои Купот на конфедерации

Наум Локоски

Португалија третопласирана на Купот на Конфедерации

Наум Локоски

Завршница на фудбалскиот Куп на Конфедерации во Русија

Наум Локоски

Браво: Ги проучував Португалците

Ана Ололовска

Чиле прв финалист во Купот на Конфедерации

Ана Ололовска

Куп на Конфедерации: Победа на Германија за прво место во групата

Ана Ололовска