Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри продажба на оружје на Тајван вредна 1.3 милијарди долари.
Според извор од администрацијата на Трамп, „нема да има промени во долгорочната американска политика за една Кина“, што според Пекинг, е предуслов за зачувување на односите.
Објавата за продажба на оружје е во сензитивен момент за САД и Кина додека Трамп настојува да воспостави партнерство околу трговски несогласувања и напори да се сузбие нуклеарната програма на Северна Кореја.