Кинг: ЕУ мора да ја унапреди одбраната од кибер напади

Од:

Европската унија мора да ја зајакне својата одбрана од кибер напади, која заостанува зад модерниот свет на интернет и мобилни телефони, предупреди денеска комесарот за безбедност Џулијан Кинг.

Тој додаде дека Брисел ќе издвои 10,8 милиони евра за 14 земји-членки на ЕУ да ја зајакнат својата одбрана од кибер напади по големиот напад забележан ширум светот оваа недела.

– Нашата моментална зависност од интернет, апаратите кои се приклучени на интернет и технологијата во овој момент, се поголеми од нашите можности за заштита и мораме нешто да направиме по тоа прашање, посочи Кинг.

Во најновиот кибер напад во вторникот беа погодени компјутерите на најголемата нафтена компанија во Русија, меѓународниот аеродром во Украина, глобалната фирма за бродски транспорт „A.P. Moler – Mersk“ и најголемата маркетинг агенција WPP.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он