Саул ја однесе Шпанија во финалето на ЕУРО 2017

Од:

Репрезентацијата на Шпанија е вториот финалист на Европското првенство за фудбалери до 21 година, откако синоќа во Краков, во второто полуфинале ја совлада Италија со 3:1.

Јунак во триумфот на Шпанците беше Саул Нигез со постигнат „хет-трик“ (53. 65. и 74.минута). Единствениот погодок за Италија е дело на Бернадески во 62.минута за во тој момент изедначување на резултатот.

На ЕП 2017 што се одржува во Полска, пред Саул, три погодоци на еден натпревар постигна и Марко Асенсио и тоа на дуелот со Македонија во 1.коло од групната фаза.

Воедно, фудбалерот на Атлетико Мадрид е трет во историјата на шпанската репрезентација со „хет-трик“ на едно ЕП за млади фудбалери. Пред четири години такво достигнување имаше и Тијаго.

Противник на Шпанија во финалето ќе биде селекцијата на Германија која во полуфиналето по подобро изведување пенали ја елиминира Англија.

Финалниот меч е закажан за петок (30 јуни) во Краков со почеток во 20 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Полуфинални средби на ЕП за фудбалери до 21 година

Ана Ололовска

ЕП фудбал У-21: Италија и Германија изборија полуфинале

Ана Ололовска

EП фудбал У-21: Македонија против Португалија во третото коло од групната фаза

Ана Ололовска

ЕП фудбал У-21: Германија убедлива против Данска

Ана Ололовска

Поповски за УЕФА: Пласманот на ЕП 2017 историски резултат за македонскиот фудбал

Ана Ололовска

ЕП фудбал У-21: Шпанија прв полуфиналист

Ана Ололовска