На Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година што се одржува во Полска, за денес се закажани полуфиналните натпревари.
Во првото полуфинале од 18 часот во Тихи ќе се сретнат репрезентациите на Англија и на Германија.
Три часа подоцна (21 часот) во Краков, ќе играат Шпанија и Италија.
Победниците ќе се борат за трофејот во финалето закажано за 30 јуни.