Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за еднакви можности на жените и мажите, за образование, наука и спорт и за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на комисиите за труд и социјална политика и за еднакви можности на жените и мажите е Предлог-законот за изменување на Законот за работните односи.

Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледува извештаите на ректорот за работата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје за периодот од 16 септември 2015 до 15 септември 2016 година, за работата на ректорот и на Универзитетот ” Свети Климент Охридски” – Битола за академската 2015/2016 година и Извештај за финансиското работење за 2016 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, за работата на ректорот на Државниот универзитет во Тетово за периодот 2015/2016 година и Годишниот извештај за работата на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип за 2015/2016 година.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат по годишните извештаи за работата во минатата година на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Комисијата за воедначување на казнената политика, на Судскиот буџетски совет и реализацијата на Судскиот буџет за 2016 година, како и за Годишниот извештај на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2016 година.

Би можело да ве интересира

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет