Светскиот првак Германија со денешната победа над Камерун со 3:1 го освои првото место во групата Б на Купот на Конфедерации што се одржува во Русија. Германија до триумфот стигна со головите на Керем Демирбеј во 48.минута и на Тимо Вернер во 66.минута и 81.минута, додека голот за Камерун го постигна Винсент Абубакар во 81.минута.
На вториот дуел од групата Чиле и Австралија одиграа нерешено 1:1. Поведе Австралија во 42.минута преку Џејмс Троиси, а изедначи Мартин Родругез во 67.минута. Чиле е вториот полуфиналист од оваа група.
Табела: Германија 7 бодови, Чиле 5, Австралија 2, Камерун 1.
Во полуфиналето на 28 јуни ќе играат Португалија – Чиле, а следниот ден е дуелот меѓу Германија и Мексико.