СДСМ: Заврши времето на системско уништување на економијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Воведувањето на праведен даночен систем, во кој оние кои заработуваат повеќе ќе плаќаат повеќе од оние кои заработуваат помалку, ќе го намали јазот на економската нееднкавост и ќе изврши корекција на неправедната распределба на доходот и општественото богатство.

Ова го порачува СДСМ во пишана реакција на денешната прес-конференција на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ на која искажа загриженост од најавите дека СДСМ има намера да ја менува даночната политика во Република Македонија и фактот што Владата ја известила Светската банка дека ќе ги зголеми придонесите за пензиско и здравствено осигурување.

– Заврши времето на системско уништување на економијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога мала група во раководството на ВМРО-ДПМНЕ енормно се богатеше, додека останатите граѓани преживуваа. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата ќе останат запаметени по катастрофалните штети што оваа партија ги нанесе врз економијата и граѓаните. Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ затвори над 10.000 домашни фирми, турна 500.000 граѓани под прагот на сиромаштијата, а 180.000 граѓани преживуваа само со 40 денари дневно, се вели во реакцијата од СДСМ.

СДСМ, се додава во реакцијата, преку новата Влада што ја предводи ќе ги поправи штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во економијата.

– Преку зацртаните реформи, Владата предводена од СДСМ ќе обезбеди праведно оданочување, нови работни места и зголемување на платите, што ќе доведе до севкупен раст на економијата и добро за сите граѓани, се нагласува во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он