Валентино Роси победи на денешната трка во шампионатот на Мото ГП што се возеше за Големата награда на Холандија во Асен. Ова е прва победа за Роси по пауза од една година.
Второто место му припадна на Данило Петручи, додека место на подиумот обезбеди и Марк Маркез, кој во последниот круг го мина Кал Крачлоу.
Во генералниот пласман во шампионатот на Мото ГП води Андреа Довичиозо со 115 бодови, а на втората позиција е Маверик Вињалес со 111. Роси со денешната победа се проби на третото место со 108, додека Маркес има 104.
Следната трка се вози наредниот викенд во Дрезден за Големата награда на Германија.