Шпанската крајбрежна стража денеска соопшти дека спасила над 200 мигранти кои се обиделе да пристигнат од Северна Африка во Европа.
Портпаролот на крајбрежната стража наведе дека се спасени вкупно 224 луѓе кои се наоѓале во пет пловни објекти во Гибралтарскиот Залив и Алборанско Море, што ја дели Шпанија од Мароко.
Шпанскатра крајбрежна стража наведува дека само неделава спасени се повеќе од 400 мигранти.
Според податовите на Меѓународната организација за миграција, од почетокот на годината до крајот на април 3.314 лица се обиделе да го поминат делот од морето меѓу Мароко и Шпанија, кој е релативно краток и затоа е популарна маршрута кај мигрантите.