Реконструкција на повеќе улици во Инџиково

Од:

Во населеното место Инџиково во тек е реконструкција и асфалтирање на повеќе улици како дел од големиот проект за реконструкција на оштетената инфраструктура од поплавите од минатата година. Денеска увид во градежните активности извршија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.

– Во моментов во финална фаза на реконструкција на неколку улици во Инџиково. Главната улица е со широчина од 5,5 метри, а покрај нов коловоз се гради и тротоар од едната страна. Покрај главната улица, во фаза на асфалтирање се и три споредни улици, кои се со широчина од 3,5 метри. Вкупната должина на улиците кои во моментов се реконструираат во Инџиково изнесува 1.600 метри, изведувач е фирма Бауер БГ Скопје, а за оваа намена се издвоени 18 милиони денари, изјави градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Трајковски,пак, посочи дека најголемиот дел од улиците кои беа оштетени со големите поплави минатата година се завршени или се во завршна фаза и додаде дека ангажираните фирми и ЈП „Улици и патишта“ интензивно работат на нивно завршување.

Градот Скопје, со Одлука на Советот на Град Скопје, минатата година додели 150 милиони денари, или 2,5 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура во сите населени места кои претрпеа штети за време на поплавите минатиот август.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство