Две агенции на ЕУ се преселуваат од Лондон на нова локација во Унијата

Од:

Европската агенција за медицина (ЕМА) и Европската банкарска управа (ЕБА) кои досега имаа седиште во Лондон, соопштија дека се повлекуваат од британскиот главен град, на нова локација во некоја од земјите на Унијата.

Агенциите веке имаат распишано конкурс за избор на град, каде тие ке се преселат.

Ваквата одлука е донесена поради британското решение да ја напуштат ЕУ, по референдумот од 23 јуни минатата година.

Одлуката каде ке се преселат ЕМА и ЕБА ке биде соопштено во ноември, а преселувањето на овие агенции на новите локации мора да биде завршено до крајот на март 2019 година, за кога е предвидено британското излегување од ЕУ.

Повлекувањето на агенциите од Лондон кои сега имаа седишта во „Канари Ворф„ новиот дел од фнансискиот центар Сити, ке значи загуба на над илјада работни места, како и загуба на приходите за градот од хотелите и од конференциите и меѓународните собири што агенциите ги организираа.

Британскиот премиер Тереза Меј која вчера учествуваше во работата на Самиот на ЕУ, била известена дека сметката за преселбата треба да ја плати британската влада, затоа што Брегзит е британска, а не европска одлука.

Во Брисел имаше план , дел од агенциите на ЕУ, да се преселат од Западот, во земјите на Централна и Источна Европа, кои станаа членки на Унијата, по мај 2004 година. Таквата намера сега е тргната настрана, затоа што земјите од овој дел на европскиот континент одбиваат да прифатат бегалци, иако за тоа постои заедничка одлука на сите земји членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата