Претседателот на Собранието Џафери се сретна со полскиот амбасадор Мултановски

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Македонија Јацек Мултановски.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, амбасадорот Мултановски истакнал дека Полска потполно ја поддржува новоизбраната влада во Република Македонија, изразувајќи надеж дека последните настани ќе доведат до брза стабилизација на земјата и дека новата ситуација во која се наоѓаме ќе придонесе во спроведувањето на сите неопходни реформи кои ќе ја приближат Република Македонија до ЕУ и НАТО.

Претседателот Џафери се заблагодарил за поддршката и честитките, истакнувајќи дека напорите на Република Полска за постигнување на нашата цел кон членување во ЕУ и НАТО се добредојдени за Република Македонија.

Како што стои во соопштението, истовремено Џафери го информираше амбасадорот за тековните активности на Собранието, истакнувајќи дека Собранието работи со потполна функционалност, при што се формирани работните тела и се работи на формирање на делегациите и групите за билатерална соработка.

Тој, исто така, нагласил дека Собранието е отворено и транспарентно кон граѓанското општество во сите аспекти и тоа ќе се исполни преку можноста за следење на пленарните седници на Собранието од страна на граѓаните и преку поддршка на граѓанските иницијативи кои ќе може да ги користат просториите на Собранието на Република Македонија.

Амбасадорот Мултановски истакнал дека проширувањето на ЕУ е значаен елемент за стабилизација на Балканот, затоа добрососедските односи и директната комуникација се неопходни за создавање на позитивна енергија.

Исто така, претседателот Џафери нагласи дека фокусот на Собранието е подигнување на рејтингот како законодавен дом во служба на граѓаните.

На крајот на средбата, соговорниците се согласија дека билатералната соработка меѓу двете земји ќе продолжи да се продлабочува, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител