Северна Кореја тврди дека смрта на американкиот студент е „мистерија“

Од:

Претставник на севернокорејската влада во Пјонгјанг, изјавл за западни новински агенции дека смртта на американскиот студент Ото Вармбир, претставува „мистерија“.

Тој ги отфрли обвинувањата од САД и од меѓународната јавност , означувајќи ги како „без секаква основа“ дека 22 годишниот судент, во затворот во Северна Кореја бил изложен на физичко и психичко малтретирање, како и дека кон него лошо се постапувало.

Студентот кој беше во туристичка посета во Пјонгјанг, со една кинеска туристичка група во која имало и студенти од трети земји, се наоѓал во кома, од која не се разбудил се до својата смрт, во американаката болница во градот Синсинати, во сојузната држава Охајо.

Претходно, младиот Вармбир беше ослобеден од севернокорејскиот затвор и тамошните власти дозволија да замине во САД.

Тој беше 15 месеци во затвор, откако на почетокот од јануари 2016 година, беше осуден на 15 години затвор за „украден“ пропаганден плакат од хотелот во кој престојувал, што младиот Американец го зел како сувенир.

Обидите на американските лекари да го спасат од состојбата на кома, не успеаја и тој почина без да може да комуницира, да гледа и да зборува.

Неговите родители и никој во САД, не знаеја за неговата состојба се до 13 јуни, кога властите во Северна Кореја ги известиле родителите оти Ото се наоѓал во кома во текот на целиот период што го минал во затвор, објаснувајќи дека таквата состојба била последица на болеста ботулизам.

Лекарите во САД ги отфрлија тврдењето за таква болест, затоа што таа не била откриена во неговото тело и сметаат дека студентот починал како последица на „тешки невралгични повреди“.

Неговите родители не дозволија да се изврши аутопсија на телото на починатиот за да се утврди причината за неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски