Поетот Митко Гогов на фестивалот „Словенески венец“

Од:

Во рамки на четвртиот Меѓународен поетско-музички фестивал „Словенески венец“ 2017, кој се одржа во градот Бреза, во Белорусија, поетот Митко Гогов беше единствениот претставник на Република Македонија меѓу деветте држави во кои се користи кирилското писмо.

– Да се биде единствен учесник и претставник на Македонија на ваков огромен фестивал за мене е особено важно, но од друга страна и чувствував голема одговорност мојата поезија и нашата држава да се претстават во најдобро светло. Голема благодарност до Марина Куновски која работеше на преводот на моите стихови на руски јазик, изјави Гогов.

Концептот на програмата е преку музика, танци и поезија да се претстават самите земји учеснички, а со тоа и да се види дека јазикот е она што е основа за продолжување на соработката и една од основните алки за спојување на сите овие земји. На манифестацијата имаше учесници од Белорусија, Русија, Украина, Полска, Србија, Чешка, Словачка, Македонија и Бугарија.

Гогов од организаторите доби диплома за учество и претставување на Македонија. Тој настапи и на петтото издание на поетската манифестација „Стихија“ 5 во Врање, Србија.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот