Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) утре во Прага ќе ја претстави кандидатурата за добивање на организацијата на Европското првенство во кошарка за жени.
Оваа беше објавено на официјалната веб страница на КСС.
Како што е наведено, претседателот Предраг Даниловиќ и потпретседателката за женска кошарка Ана Јоковиќ, останаа во Прага и по елиминацијата на српскиот тим во шампионатот Чешка, со цел успешна промоција на кандидатурата.
Конкуренти за организацијата на Србите им се Русија, Латвија и Израел.