ММФ: Напредуваат преговорите за намалување на грчкиот долг

Од:

Постигнат е напредок во преговорите за намалување на грчкиот долг. Тоа го изјави денеска портпаролот на Меѓународниот монетарен фонд, Џери Рајс.

ММФ објави „принципиелен договор“ минатата недела, со кој се дозволува активирање на планот за помош на Атина со другите кредитори.

Фондот продолжува да условува учество во финансирањето на државата со намалување на нејзиниот долг што е речиси 180 отсто од нејзиниот БДП.

– Принципиелен договор, што ќе биде претставен во ММФ до 27 јуни, не е најдоброто решение, но е неопходно повеќе време за преговорите, изјави Рајс.

Тој договор гарантира финансиска стабилност на Грција и обезбедува да биде избегната криза на плаќањата ова лето, кога Атина треба да исплати долг од седум милијарди евра кон кредиторите.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он