Камерун и Австралија одиграа без победник на Купот на конфедерациите

Од:

Првиот натпревар од 2.коло од групата Б на Купот на конфедерациите одигран попладнево меѓу Камерун и Австралија заврши без победник 1:1.

За двете селекции е прв бод во групата, додека Чиле и Германија имаат по три.

Камерун поведе во финишот на првиот дел со голот на Андре Франк Замбо Ангуиса во 45+1 минута, а голот за изедначување го постигна Марк Милиган во 60.минута од пенал.

Во вториот натпревар од групата Б вечерва од 20 часот играат Германија и Чиле.

Утре на Купот на конфедерации е слободен ден, а на 24 јуни се играат дуелите од 3.коло од А групата: Мексико – Русија и Нов Зеланд – Португалија. Во групата А Мексико и Португалија имаат по 4 бодови, Русија 3, а Нов Зеланд е без бод.

Би можело да ве интересира

Германија го освои Купот на конфедерации

Наум Локоски

Португалија третопласирана на Купот на Конфедерации

Наум Локоски

Завршница на фудбалскиот Куп на Конфедерации во Русија

Наум Локоски

Германија обезбеди финале во Купот на Конфедерации

Ана Ололовска

Браво: Ги проучував Португалците

Ана Ололовска

Чиле прв финалист во Купот на Конфедерации

Ана Ололовска