Дводневен Самит на ЕУ во Брисел

Од:

Европската безбедност, проблемот со миграцијата и климатските промени. ќе бидат едни од главните теми за кои ќе расправаат шефовите на држави или влади на членките на ЕУ на нивната дводневна средба, што денеска почнува во Брисел.

Како што соопшти Европскиот совет, лидерите на ЕУ на овој Самит ќе разговараат за заедничката безбедност и одбрана, за обезбедувањето нови работни места, економски раст и конкурентност, за илегалната миграција, за договорот за климатски промени, за дигитализацијата на Европа и за надворешните односи.

Покрај, ова во рамки на Самитот ќе се одржи и заседание во формат ЕУ-27, односно средба на шефовите на држваи или влади на членките на блокот без учество на британската премиерка Тереза Меј, на која ќе се разговара за процесот на истапување на Велика Британија од Унијата и за нејзината иднина по Брегзит.

За утре е предвидено премиерите на Естонија, Бугарија и Австрија да ги презентираат приоритетите на преседавањата на нивните земји со ЕУ во следните 18 месеци – од 1 јули 2017 до 31 декември 2018 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1