Два американски бомбардери се упатија кон Корејскиот полуостров

Од:

САД испратија два суперсонични бомбардери B1B кон Корејскиот полуостров, соопштија денеска јужнокорејски официјални лица.

Јужнокорејското Министерство за одбрана нагласува дека бомбардерите ќе извршат рутинска вежба со јужнокорејски борбени авиони.

Американската армија соопшти дека бомбардерите ќе извршат две одвоени вежби со јапонски и јужнокорејски воздушни сили со цел да се демонстрира солидарност на трите држави и „одбрана против провокативни и дестабилизирачки акции на Пацификот“.

САД во Јужан Кореја и Јапонија има стационирано десетици илјади свои војници.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија