Концерт „Мала Италија патува“

Од:

Концертот „Мала Италија патува“, на кој ќе бидат претставени шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни, вечер ќе биде изведен под отворено небо, на плоштадот „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Мала Италија патува“ е настан роден од желбата и љубовта на баритонот Павле Камилоски кон музиката и пеењето. Ќе настапат и Христо Арсовски како драмски тенор, Горан Начевски како баритон, заедно со Бисера Чадловска како диригент и оркестарот на Македонската опера и балет.

Камилоски вели дека музиката цел живот е присутна во него, најмногу поради операта. Тој верува дека единствено може да ги сподели емоциите кои го обликуваат преку неговите настапи. За него пеењето е комплетно уживање кое не познава граници и затоа по две години на Мала Италија во Скопје тој одлучи да го организира настанот Мала Италија патува.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска