Опасност од одрони и гломоразица на дел од патиштата

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено и во зимски услови, по влажни коловози и наместа на повисоките места со остатоци од кашаст снег.

Автомото сојузот на Македонија препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. На патот Маврово- Дебар кај Јанче и Скудриње, поради одрони, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поради ниските утрински температури на повисоките места има појава на голомразица.

Поради одрони на патниот правец Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ потсетува дека е во сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, обврска која трае до 15 март следната година.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози