Акумулацијата Беровско Езеро со доволно вода за летниот период

Од:

Акумулацијата Беровско Езеро за летниот период ќе има доволно вода за снабдување на Берово и околните населени места, изјави денеска Атанас Атанасовски, директор на Подружницата на АД Водостопанство во Берово.

Тој појасни дека во моментот акумулацијата е полна 80 проценти.

– Во акумулацијата има 8,8 милиони кубни вода, а езерото е 3,5 метри до прелевање. Сушниот претходен период придонесе за понизок водостој, но според планираните потреби и активности, кои годишно за потребите на населението за водоснабдување изнесуваат 2,5 милиони метри кубни вода и 1,5 милиони метри кубни за наводнување, не очекуваме проблеми, истакна Атанасовски.

Тој додаде дека во моментот од акумулацијата се испушта само вода за пиење за потребите на околу 15 илјади граѓани.

– Во моментов од акумулацијата се испуштаат 0,09 литри во секунда за потребите на населението за вода за пиење. Во овој период не се испушта водата за потребите на минихидроцентралата, а според планот со оваа активност ќе се почне од идниот месец, кога ќе се стартува и со испуштање на водата за потребите за наводнување на земјоделските површини кои изнесуваат 510 хектари, рече Атанасовски.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово