Германскиот канцелар Ангела Меркел откако денеска почнаа преговорите за излез на Обединетото Кралство од Европската унија, изјави дека сака „добар договор“ како за Велика Британија, така и за ЕУ.
Меркел, на заедничка прес-конференција во Берлин со романскиот претседател Клаус Јоханес, наведе дека за неа најважно е ЕУ да остане во процесот на преговори, внимателно да ги слуша желбите и очекувањата на Велика Британија, но и да ги заштити своите интереси.
– Сакаме да постигнеме добар договор и тоа да биде во интерес на двете страни, наведе Меркел, додавајќи оти се уште рано да се шпекулира за деталите.