(ВИДЕО) Шеќеринска: Сакате пак милиони евра пред избори за „реклами“? Е нема

Од:

Владата даде 5 милиони евра пред минатите избори за реклами во еден ден. Еве зашто нема буџетот да го гласаме, ги плативме и преплативме вашите реклами, сите избори сакате на државна сметка да си ги терате. Не знам како можевте 5 милиони евра да дадете пред избори за реклами и уште 3, 5 милиони долг да ви остане на сметката?
Радмила Шеќеринска на Комисијата за финасирање и буџет на полноќ броеше неразумни милиони и милиони евра на владата на ВМРО-ДПМНЕ кои досега ги потрошила за реклами.
„Дали е нормално да се потрошат за реклами овие пари во еден ден? Мислите дека овие пет милиони отидоа во овие реклами? Па вие и Стивен Спилберг да го викнете, многу поевтино ќе поминевме“, рече Шеќеринска.
„Индијана Џонс го нема во Македонија, ама изгубениот ковчег со државни пари некој ќе го најде.
4 милиони се потрошени за реклама за бременост, кампања за јавна чистота и отпад потрошени 1, 6 милиони. Сте ја виделе оваа реклама некогаш? За отпадот во Кичево немаме пари, ама за реклама имаме. И сакате да ми кажете дека овие 5 милиони евра повеќе во буџетот треба да ви ги гласаме за реклами за јавна чистота и отпад? Не ќе може“, рече Шеќеринска.
„Се е ова потпишано од генерален секретаријат, не знам кој беше само, дали министерот за здравство или неговоиот татко? Еве уште една набавка за истата кампања, 3 милиони денари.

„Кампања за добри вредности“, пак милиони. Кои добри вредности ги промовира владата? Ако сакаш работно место, зачлени се во партија?

Рекламата „Истражи ја Македонија“ уште 10 милиони, „борба против алкохолизмот“ 2 милиони. Како се борите со алкохолизмот? Уште една „чистота и отпад“, пак милиони.  Барем да седнеа и да исчистеа“, рече Шеќеринска. Кампања за граѓаните да читаат книги, пак милиони.
Што да читаат, ако се начитани треба да бегаат од земјава“, кажа Шеќеринска.
„Реклама против пушењето, 2 милиони денари. Направивте сите да седат надвор и да фаќаат бронхитис. Реклама против пушење уште еднаш, 1, 7 милиони, „Истражи ја Македонија“, уште 8 милиони, 3 милиони денари за друга реклама..Има уште многу, ама ја сфативте идејата“, истакна Шеќеринска.
За сите цифри потрошени за реклами, дел од нив и пред изборите, повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет