Во Гостивар почна доставата на решенија за данок на имот

Од:

Гостиварската локалната самоуправа започна со испорака и доставување на решенијата за данок на имот за 2017 година и на решенијата за комунална такса. Од општина Гостивар информираат дека во наредните денови решенија за данок на имот ќе добијат 14.875 грагани и 31 фирма, а комунална такса, пак, ќе треба да платат 3.654 обврзници. Доставата ќе ја вршат овластени лица директно на врата и преку пошта.

– Сите граѓани кои имаат недвижен имот и кои не го пријавиле или, пак, пријавениот имот претрпел измени, согласно со Законот за даноци, должни се да го пријават во Одделението за даноци и во општинскиот центар за услуги. Ги повикуваме граѓаните и оние кои не ги платиле старите даночни обврски, тоа да го направат, се наведува во соопштениетот на општина Гостивар.

Општинските власти потсетуваат дека на даночните обврзници им се овозможени и олеснувања, не им се наплаќа казнена камата за неплаќање на данокот. Доколу, пак, исплатата на даночните обврски ја извршат на време, има можност за плаќање на рати.

Општина Гостивар пред две гадчни воведе и електронски систем за даноци, преку посебна апликација на општинската веб страница, даночните обврзници може да добиваат и информации околу даночните решенија и сумата што треба да ја уплатат.

Локалните власти најавуваат и теренски активнасти за проценка на недвижниот имот.

– Во наредниот период овластени лица за проценка на недвижен имот, ќе излезат на терен за да извршат проценка и препроценка на недвижниот имот, со што граѓаните ќе добијат реален преглед за трговската вредност на нивниот имот. Исто така ќе бидат решени и постарите барања на странките кои останале нерешени и ќе се исполнат правата на странките поднесени преку нивни барања и новите даночни пријави, стои во соопштението од гостиварската локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат

Тошковски: Водата во Гостивар сè уште не е за пиење, испитувањата ќе бидат почести