Грција во ОН блокира документ на ЕУ со критики кон Кина

Од:

Грција во ОН блокираше документ подготвен од Европската унија, во кој се изнесуваат критики околу состојбата со човековите права во Кина.

Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека Атина официјално го блокирала документот, оценувајќи го како „неконструктивна критика кон Кина“.

Според Грција, подобар начин за дискусија се посебни преговори меѓу ЕУ и Кина надвор од ОН, отколку вакви документи.

– Ставот на Грција е дека непродуктивната и во многу случаи избрзана критика кон одредени држави, не ја олеснува состојбата со човековите права во тие земји, ниту пак придонесува за подобрување на нивните односи со ЕУ, се наведува во соопштението на грчкото Министерство.

Документот на ЕУ содржи оценки за разни видови злоупотреби во држави од целиот свет и требаше да биде презентиран пред Советот за човекови права на ОН во Женева.

Меѓутоа, документот не беше презентиран, откако не ја доби поддршката на сите 28 земји членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он