Под мотото „Создади надеж“ денеска во Сули ан во Скопската чаршија ќе се одржи хуманитарен базар на повеќе од 100 ракотворби изработени од бегалци кои транзитираат или престојуваат во Македонија.
Ракотворбите се изработени на 15-те работилници кои беа организирани во февруари и март со цел да им се помогне на мигрантите во справувањето со трауммите кои ги преживеале во текот на нивното бегство.
Работилниците се организираа во рамки на проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите спроведен од Македонското здружение на млади правнции во соработка со Отворена порта – Ла Страда.
Собраните средства ќе бидат искористени за потребите на мигрантите кои поминуваат или престојуваат во Македонија.