Скопјанец изгубил контрола над возилото и удрил во метална ограда

Од:

Триесет и седумгодишен скопјанец рано утрово во 3:30 часот изгубил контрола над возилото и удрил во метална ограда по што избегал од местото на настанот.

Сообраќајната незгода се случила на крстосницата од улицата „Васко Карангелевски“ и улицата „Ангел Димовски“ кога С.М. управувајќи возило „волво С70“ изгубил контрола и удрил во металната ограда од дворното место од објектот на Единицата за известување и командување при СВР Скопје.

Во незгодата причинета е материјална штета на возилото и оградата. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по преземени мерки, лицето е пронајдено.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош