Старец од Кичево пронајден мртов пред влезот на неговиот дом

Од:

Осумдесет и едногодишен старец од Кичево е пронајден мртов пред влезната врата од неговата куќа, соопшти денеска полицијата.

Старецот С.П.Г. е пронајден вчера околу 20:35 часот од страна на неговиот син. Починатиот бил во лежечка положба со лицето свртено кон земја и имал повреда на лицето и траги од крв.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица во Кичево.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Медицинскиот центар во Кичево.

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски