Кичевчанка со солна киселина по лицето го испрскала сопругот

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против В.В. (43) од кичевското село Брждани.

Пријавената, казненото дело го сторила на ден 29-ти мај, оваа година, при расправија со нејзиниот сопруг. Настанот се случил во семејната куќа во селото, околу 15 часот кога, поради одредени недоразбирања настанал вербален конфликт меѓу пријавената и нејзиниот сопруг.

– Во еден момент од меѓусебната караница, пријавената В.В. со солна киселина го испрскала сопругот во пределот на лицето. Тој бил пренесен во општата болница во Кичево каде му биле констатирани видливи повреди во вид на црвенило и отоци по целото лице како и повреди на очите, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски