Македонската фудбалска репрезентација беше поразена од фаворитот Шпанија во првиот натпревар на Европското првенство за играчи до 21 година кое што се одржува во Полска.
Шпанците со убедливи 5-0 ја совладаа нашата репрезентација. Резултатот го отвори Саул Њигез во 10. минута. Резултатот го зголеми фудбалерот на Реал Мадрид, Асенсио во 16. минута, додека конечниот резултат од првото полувреме го постави Деулофеу со гол од пенал во 35. минута.
Во вториот дел Асенсио го комплетираше својот хет-трик со головите во 54. и 72. минута.
Следниот натпревар Македонија го игра во вторник против репрезентацијата на Србија, која што денеска исто така беше поразена од Португалија со 2-0.