Се реконструира дел од булеварот „Партизански одреди“

Од:

Булеварот „Партизански одреди“ на потегот од раскрсницата со улицата Франклин Рузвелт до раскрсницата со булеварот „8 Септември“ ќе се реконструира за што од буџетот на Град Скопје ќе бидат инвестирани околу 29,2 милиони денари.

Планирано е да се нанесат два слоја асфалт на шесте ленти во должина од околу 900 метри или околу 1.900 метри во двата правца.

Градежните работи е планирано да траат 90 дена, но, градоначалникот Трајановски се надева дека ќе завршат побрзо.

Со реконструкцијата се очекува да се зголеми безбедноста на сообраќајот. Надлежните апелираат до учесниците во сообраќајот да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај.

На реконструкцијата на бул. Партизански одреди ќе работат екипи на градежната компанија „Бауер БГ“.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот